Во земјава пораст од 200% на гринфилд странски инвестиции

57

Фото: Pixabay

Во Северна Македонија, во период од јуни 2018-та до мај 2019-та година, се слеани 184,4 милиони долари гринфилд странски инвестиции*, што претставува раст од 200%, покажуваат податоците на fDi Intelligence, сервис на Financial Times.

Промените на политичката сцена, панел дискусијата меѓу премиерите на Албанија, Србија и Северна Македонија, како и формирање на заедничка иницијатива за промоција на инвестиции во 2017 година, покажуваат дека регионот настојува да се здружи за да привлече инвестиции и да поттикне економски раст.

Порталот нотира дека западен Балкан во 2018 година забележа најголем прилив на гринфилд странски директни инвестиции во изминатите години, од 9,36 милијарди долари.

И покрај тоа што регионот е надвор од Европската унија, сепак се привлечени 147 гринфилд инвестиции минатата година, што е најголем број во последните шест години.

Околу шест милијарди долари отпаѓаат на гринфилд странски директни инвестиции во Србија, што е 70%. Уделот на Босна и Херцеговина изнесува 11,6%, додека Црна Гора привлекла 11 гринфилд инвестиции. Во Албанија по овој основ се слеале 809,9 милиони долари, што е 80% повеќе во однос на истиот период претходната година.

*гринфилд претставуваат инвестиции во бизнис без претходна инфраструктура, деловен простор и вработени.