Цени во земјоделството во јуни

60

Фото: Pexels

Цените во земјоделството во јуни 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 0.8 %, а кај аутпутот е на исто ниво, стои во соопштението.

Во јуни 2019 година, во споредба со јуни 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 99.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.1.

Во делот аутпут, во јуни 2019 година, во споредба со јуни 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 99,4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101,3.