Во април 2019 година вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 598.399 МWh електрична енергија, 7.529 мил. нм3 природен гас, 466.621 тон јаглен и 84.036 тони нафтени продукти, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66,6 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.