Каде е најскапа, а каде е најевтина струјата во светот?

143

Фото: Pixabay

Електричната енергија претставува енергенс без којшто светот не би можел да функционира ниту една секунда.

Подолу ќе направиме анализа на цените на електричната по киловатчас (kWh) во 100 земји во светот, меѓу кои е и нашата земја, според податоците на Global petrol prices.

Бермудските острови плаќаат најскапа струја во светот, којашто чини 0,36 евра за kWh. Зад нив се најдоа: Германија со 0,32 евра за kWh, Данска 0,31 евро за kWh, Белгија со 0,29 евра за kWh и Португалија со 0,26 евра за kWh.

Од друга страна, еден киловат час електрична енергија во Египет, Иран и Бурма чини само еден денар или 0,02 евра. Потоа, следуваат Ирак и Замбија со 0,03 евра за kWh.

Од земјите во регионот, Македонија и Србија плаќаат по 0,07 евра за киловат час, што е најниско ниво. По нив следуваат: Албанија и Босна и Херцеговина со 0,09 евра за kWh, Бугарија 0,11 евра за kWh. Во Хрватска еден киловатчас електрична енергија се продава за 0,14 евра, додека најскапа струја од земјите во регионот плаќаат Словенија и Грција – 0,17 евра за kWh.