Алкалоид вложува 400.000 евра во хемиска лабораторија за тестирање лекови во Словенија

227

Фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје изврши дополително вложување во постојното друштво во Република Словенија, по пат на зголемување на основната главнина, стои во соопштението.

Вложувањето, како што се наведува, се изврши во АЛКА – ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се инвестирани 400.000 евра наменети за проширување на капацитетите на хемиската лабораторија за тестирање на лекови. Друштвото е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.

Со оваа инвестиција, како што наведуваат оттаму, Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на постојните позиции на овие пазари.

Фото: Pixabay