Потрошувачка по енергенти во мај

116

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во мај оваа година, изнесува: 574.640 МWh електрична енергија, 4.284 мил. нм3 природен гас, 463.563 тони јаглен и 87.821 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто – домашното производство на електрична енергија учествува со 72,5% во бруто – домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 94,5% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Фото: Pixabay