Земји што преферираат готовина vs. земји што не сакаат кеш

160

И покрај тоа што постојано расте бројот на безготовински трансакции и постојат голем број уреди што го овозможуваат тоа, сепак постојат земји во коишто готовината сè уште го има главниот примат. Се смета дека стапката на сиромаштија на населението е една од клучните причини за (не) користење безготовинско плаќање. Голем процент од луѓето кои живеат во тие земји скоро и да не користат никакви банкарски услуги.

Прва по ова прашање е Чад, северно африканска земја, што важи за една од најсиромашните во светот. Економијата на Чад се базира на кеш, а кредитните картички генерално не се прифатливи како начин на плаќање.

Ангола е второрангирана економија во светот што најмногу се потпира на користење готовина. Станува збор за земја сместена во јужниот дел на Африка и важи за една од најбрзорастечките економии во светот. Кредитни картички прифаќаат неколку хотели и услужни компании во земјата. Еден од безготовинските инструменти што се користат се чековите.

Етиопија е трета земја во светот што преферира готовина, па поголемиот број ресторани и хотели надвор од главниот град на земјата не прифаќаат кредитни картички.

Меѓу десетте земји, коишто предност им даваат на хартиените и кованите пари се: Буркина Фасо, Алжир, Мали, Танзанија, Мозамбик, Непал и Иран.

Од другата страна на паричката се оние земји кои почесто користат кредитна картичка, одошто готовина. Овие економии го минимизираат користењето на готовина и имаат на располагање алтернативни канали за плаќање со што создаваат чиста и дигитална економска култура. Пет земји во светот кои припаѓаат во таа категорија се:

  • Шведска – се верува дека шведската економија ќе биде првата безготовинска економија во светот до 2030 година. Скоро и да нема продавница, па дури и верски објект што не прифаќа плаќање со кредитна картичка или со мобилен телефон. Трансакциите со готовина се само 1,4% од вкупниот број на реализирани трансакции.
  • Сингапур – оваа земја има амбиции да стане првата земја во Азија што не користи готовина. Хартиените и кованите пари во оваа земја се заменети со плаќања базирани на QR кодови.
  • Јужна Кореја – властите во Јужна Кореја планираат да го сопрат производството на хартиени пари и да се префрлат на целосно безготовинско плаќање. Според Bank of Korea, крипто валутите и blockchain технологијата се очекува да бидат основа на ова влијание.
  • Австралија – се верува дека ќе го следи чекорот на Шведска. Citibank во Австралија пред неколку години одлучи да ги тргне сите готовински трансакции од сите нејзини експозитури.
  • Кина – топ азиска економија што се движи кон безготовински плаќања. Жителите на Кина се потпираат на AliPay и WeChat Pay systems коишто користат QR кодови за трансакции.

Фото: Pixabay