Атлантик Група: Раст на приходите со двоцифрен раст на профитабилноста

66

Во првата половина од 2019 година, Атлантик Група оствари приходи од продажба во износ од 343,2 милиони евра, што е за 3,5% повеќе во однос на истиот период лани, стои во соопштението.

Оперативната добивка (EBIT) изнесува 36,8 милиони евра, што е за 11,3% повеќе, додека нето добивката после малцинскиот интерес изнесува 28,5 милиони евра и е зголемена за 13,9%, во споредба со истиот период лани.

“По успешната 2018 година, и во првата половина од оваа година, продолживме да остваруваме исклучителни стапки на раст, главно благодарение на брендот Argeta, брендовите од категоријата на безалкохолни пијалаци (Cedevita, Cockta, Donat Mg), како и одличните резултати постигнати во сегментите фармација и Dietpharm. Ставен е посебен акцент на управувањето со брендовите и човечките потенцијали, а особено возбудливи се успесите како што се Golden Effie за Argeta, наградата на Атлантик Група за најдобар огласувач во Словенија, како и наградата за најдобар работодавач. Секако, сето ова влеа доверба во финансиската заедница и придонесе кон поголема доверба во нашата компанија, како и до историски рекордна вредност на нашите акции“, истакна Зоран Станковиќ, потпретседател за финансии на Атлантик Група.

Најголем раст забележаа Argeta, сегментот на безалкохолни пијалаци и хрватскиот пазар.

Севкупниот раст на приходите најмногу зависеше од продажбата на деликатесните намази, кои имаа раст од 9,7%, како и од продажбата на безалколхоните пијалаци кои имаа раст од 3,5%. Со 71 милиони евра приходи од продажба, што всушност претставува 20.7 проценти од вкупните приходи на компанијата, кафето се истакна како најголема поединечна категорија. Понатаму, во сегментот на дистрибуција, сите пазари забележаа раст, а како најзначаен се издвои хрватскиот, со дури 11,8% раст. Во вкупната продажба, сопствените брендови учествуваат со 65,4%, додека принципалните брендови со 26,1%, а делот за фармација со 8,5%.

На крајот на март, Атлантик Група отвори нов, модерен логистички и дистрибутивен центар во близина на Велика Горица, којшто обезбедува соодветна логистичка поддршка за долгорочниот развој на дистрибутивните операции.

Инвестицијата од околу 20 милиони евра, наменета за изградба и опрема, беше реализирана во соработка со компанијата Камград, и во првата фаза е обезбеден складишен капацитет од 30.000 палетни места, со можност за модуларна експанзија во согласност на бизнис потребите. Исто така, во истиот склад, беа ставени во функција високо софистицирани логистички роботи произведени од компанијата Гидеон. Понатаму, новоотворената лабораторија за истражување и развој во Штарк, ќе придонесе за раст на иновациите во категоријата Слатко и Солено, а растот на сегментот безалкохолни пијалаци продолжи со лансирање на нови производи , првенствено Cocta Free, како и со рекламните кампањи како што е вкусот на генерацијата ЦЕ на Cedevita со која брендот ја одбележува 50-годишнина од своето постоење.

По одличните резултати постигнати со проширување на дистрибутивното портфолио минатата година, како и новите договори за дистрибуција потпишани на почетокот на годината во Македонија (Ficosota и Beiersdorf) се потврдува континуираниот фокус за развој на дистрибутивниот сегмент на компанијата. Во исто време, стратешко деловниот сегмент “активна спортска исхрана” беше целосно дезинвестиран, со што се продолжи процесот на дезинвестирање на нестратегиските деловни операции.