Еден работник во Австалија за еден час работа ќе биде платен, во просек, 14,14 долари. Ова е највисоката саатнина според германскиот институт WSI.
Следува Луксембург, каде што просечната саатнина изнесува 13,14 долари, додека во Нов Зеланд таа изнесува 11,28 долари. Просечно, еден вработен во Франција, за еден час вложен труд ќе заработи 11,24 долари, додека во Холандија тоа чини 11,01 долари.
Меѓу десетте земји со највисока саатнина влегуваат и: Ирска (10,87 долари), Белгија (10,78 долари), Германија (10,06 долари), Велика Британија (9,74 долари) и Канада (9,06 долари).
Од земјите во регионот, највисока е саатнината во Словенија (14-та) со 5,51 долари, по што следи Грција на 18-то место со 3,86 долари и Хрватска на 23-та позиција со 3,03 долари. Македонија е 30-та од вкупно 37 земји со просечна саатнина од 1,83 долари. Една позиција зад нас е Србија со 1,8 долари, Бугарија со 1,79 долари и Албанија со 1,17 долари.
Последни три позиции во рамки на ова рангирање се: Русија со 0,94 долари просечна саатнина, Украина со 0,84 долари и Молдавија со 0,77 долари.
Фото: Pixabay