Во Турција минатиот месец продадени над 102.000 куќи

115

Минатиот месец Турција регистрираше продажба на вкупно 102.236 куќи, што е за 17,5% помалку од минатата година пишува Hurriyet daily.

Од нив 39.000 биле новоизградени единици, а најмногу куќи биле продадени во најнаселениот град во земјата Истанбул – 17.276.

На второ место по продадени домови се наоѓа главниот град Анкара со регистрирани 7.914 продажби, а трет е Измир со 4.778.

Во Турција минатиот месец странски државјани купиле 4.192 куќи, што е зголемување за 46,7% на годишно ниво.

Најчесто одбирана дестинација бил Истанбул каде странски државјани купиле 1.903 куќи. Втор најатрактивен град за продажба на недвижнини бил Анталија, а трет Анкара.

Најмногу куќи 734 биле купени од страна на државјани на Ирак.

Фото:Pixabay