Sony и Yamaha претставија автономна приколка за тематски паркови

64

Двата јапонски гиганти Sony и Yamaha заеднички претставија автономска приколка наменета за тематски паркови.

SC-1 користи сензори што креираат слики од опкружувањето, па така приколката може сама да се движи во одредената насока без потреба од човечка асистенција.

Во неа можат да седнат пет патници, а додека се возат на погон на батерии гледаат во 49 инчен екран на којшто се прикажува свет во мешана реалност. Дополнителен 55 4K инчен екран прикажува реклами на луѓето што поминуваат покрај приколката.

SC-1 користи и вештачка интелигенција за да ги детектира минувачите според возраст и пол, со цел да прикаже релеватни реклами.

Компаниите се надеваат дека ќе ја користат приколката во Јапонија веќе од следната пролет, но истата нема да биде за продажба.

Фото: Sony