Tribe Wearables – паметна спортска облека што дава насоки за правилно вежбање

196

Старт-ап од Грција креираше паметна спортска облека којашто му дава информации на корисникот како поефикасно да вежба и да се заштити од евентуални повреди.

Шорцевите и маиците на Tribe Wearables имаат вградени сензори коишто го следат секој чекор на корисникот. Основачот на стартапот Деметрес Стордопулос идејата ја добил откако претрпел повреда на коленото како студент.

Сензорите од Tribe Wearables собираат податоци и ги испраќаат до посебна апликација којашто потоа предлага вежби што би биле најкорисни за тој што ја носи облеката.

Исто така шорцевите и маиците се и еден вид на виртуелен тренер којшто дава повратни информации.

Според Стордопулос оваа технологија може да биде корисна во спречување на спортски повреди и им овозможува на корисниците контрола врз начинот на вежбање.