САД: Вода за пиење добиена од пустински воздух

87

Тим истражувачи од универзитетот Berkeley во Калифорнија создадоа машина што “собира“ вода од сув, пустински воздух. Системот може да собере 1,3 литри вода дневно од еден килограм материјал што апсорбира вода.

Ова може да се постигне и со помалку од 40% влажност во воздухот. Машината беше три дена тестирана во пустината Мохаве и за тој период произведе 0,7 литри вода од еден килограм материјал, пишува New Atlas.

Клучната компонента за функционирањето е специјална метално-органска рамка (MOF). Тие имаат големи површини на коишто се собираат водните молекули од воздухот и потоа кондензираат на собна температура.

Кога ќе се загреат овие MOF повторно можат да ја испуштат насобраната вода. Машината личи на голема и проѕирна кутија наполнета со вакви рамки, а според тимот таа може да биде од голема корист во места каде снабдувањето со вода е проблем.

Фото: Berkeley