Чешкиот производител на автомобили, Škoda има нов иновативен концепт на електричен велосипед наречен Klement.
Станува збор за елегантен начин на транспорт којшто изгледа како “мешавина“ од мопед, скутер и електричен велосипед. Концептот ќе биде претставен на овогодинешниот Eurobike што ќе се случува од четврти до деветти септември во Германија.
Klement нема педали, туку еден вид на потпирачи за нозете на двете страни. Задното тркало го предвижува мотор од 4-kW, а максималната брзина му е 45 km/h. Велосипедот има две литиум-јонски батерии, а благодарение на малата тежина од 25 килограми, возилото има опсег од 62 километри, пишува New Atlas.
Потпирачите за нозете имаат функција на забрзувачи, но и на кочници во зависност дали ќе се притиснат нанапред или наназад. Кај рачките се сместени копчиња за светло, свирка и останати индикатори, а за проверка на брзината и батеријата корисникот треба да го постави својот смартфон на рамката.
Фото: Škoda