Како да постапите кога се чувствувате изоставено на работното место

121

Ако работите во динамична работна средина каде дружбата помеѓу колегите е на високо ниво, но вие се чувствувате изоставени, време е да ги промените нештата.

Во спротивно, тоа ќе влијае на вашето расположение и индиректно на продуктивноста на работа.

Како да го надминете овој проблем?

Барајте сојузници, не најдобри пријатели

Да се има сојузник на работното место е од големо значење. Тој/таа може да ви помогне во задачите, да ви “го чува грбот“, да ве советува и да биде тука за се што е поврзано за работата. Можеби не сте нашле најдобар другар на работа, но затоа потрудете се да најдете сојузник.

Планирани дружења со колегите

За директно да пристапите кон проблемот и што побрзо да најдете решение, организирајте вие средба со колегите. Тоа може да биде било каде, по работното време. Понекогаш вие треба да иницирате дружење, ако сакате следниот пат да бидете вклучени во социјалните случувања на работа.

Подобрете ги вештините

Станете експерт во вашите знаења и умеења. Многу помали се шансите да колегите да ве одбегнат поради вашиот интровертен карактер.

Ништо лично

Понекогаш вашата перцепција е многу полоша од она што навистина се случува. Обидете се да не ги сфаќате работите премногу лично. Можеби вината не е во вас. Анализирајте ја ситуацијата од повеќе агли за да дојдете до заклучокот и полесно да го решите проблемот.

Не се повлекувајте уште повеќе

Докажано е дека ако повеќе се повлечете, тоа нема да биде во ваша корист. Колку и да чувствувате потреба да бидете сами, не подлегнувајте на искушението. Останете отворени за разговор и соработка. Тоа ќе биде многу подобро решение за вас.

Фото: Pexels