Зголемен прометот во индустријата во јули

42

Прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 11%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,2%, Капитални производи за 17,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,8%.

Прометот во индустријата, вкупно во јули 2019 година, во однос на јуни 2019 година, е зголемен за 3,8%, додека во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на периодот јануари – јули 2018 година, има пораст од 9,8%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е зголемен за 7,5%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,2%, Капитални производи за 75,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули 2019 година, во однос на јуни 2019 година, бележи пораст од 15,9%, додека во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на периодот јануари – јули 2018 година, има зголемување од 1,5%.

Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, има зголемување од 12,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,6%, Капитални производи за 17% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,9%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 17,8%.

Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2019 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 0,1%, додека во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на периодот јануари – јули 2018 година, е зголемен за 12,6%.

Фото: Pixabay