Кои земји се најотпорни на финансиски кризи?

81

Глобалната економија сега има помала способност да ги апсорбира шоковите одошто тоа било во 2007 година, покажуваат податоците на Swiss re.

Светската економија е помалку отпорна одошто во 2007 година врз база на новите макроекономски индекси на отпорност, што ги развиваат Swiss Re Institute и Лондонската школа за економија. Овие индекси користат податоци од 2007 до 2018 година, за 31 земја, што претставува околу 75% од светскиот бруто домашен производ. Постојат широк спектар на варијабли со коишто се проценува економското здравје од вредноста на БДП.

Швајцарија, Канада и САД имаат најголема економска отпорност, додека отпорноста на евро зоната најмногу се намали во однос на 2007 година. Според анализата, Швајцарија и Канада се меѓу топ трите најотпорни земји во текот на последните неколку децении. САД забележуваат континуиран раст.

Еврозоната забележа најголем пад на отпорноста, одржувајќи слаба фискална позиција во некои земји.