Британската туристичка агенција, Thomas Cook, којашто постои од 1841 година и е најстара во светот, престана со работа, со што стотици илјади туристи низ целиот свет останаа на “цедило“.
Главниот извршен директор на компанијата, Питер Фанкхаусер длабоко се извини за настаната ситуација, а следен чекор ќе биде да се вратат 150.000 британски туристи дома во следните две недели.
Thomas Cook поседува хотели, ресорти и авиокомпании за 19 милиони луѓе во 16 земји, пишува CNBC.
Моментално туристичкиот оператор има 600.000 луѓе надвор за кои се ангажираат влади и осигурителни компании за да им се овозможи на туристите сè што е потребно.
Туристичката агенција остави зад себе долг од 1,7 милијарди долари.
Фото: Facebook