Матичната компанија на Mercedes-Benz, Daimler, е казнета со сума од 870 милиони евра за прикажување на лажни резултати на тестовите за штетни емисии кај возилата.
Обвинителството во Германија откри дека компанијата продала 684.000 возила од 2008 година па наваму, коишто не ги исполниле во целост регулативите на ЕУ за штетни емисии.
Без да признае вина, Daimler се согласи да плати казна од четири милиони евра за “несовесно кршење на надзорните должности“ и да даде дополнителни 866 милиони евра, заокружувајќи ја сумата на вкупно 870 милиони евра.
Оваа ситуација е слична на скандалот со дизел возилата што Volkswagen го направи пред точно четири години, пишува Motley Fool.
Фото: Pixabay