Извозот на сребро во светски рамки достигна вредност од околу 18 милијарди долари во текот на минатата година, покажуваат податоците од анализата на World top exports.
Најголем извозник во светот е Хонг Конг, којшто лани реализираше 2,2 милијарди долари од продажба на сребро на странски пазари. Втор најголем извозник е Мексико со извоз од 1,8 милијарди долари, додека Велика Британија од извоз на овој благороден метал инкасираше 1,4 милијарди долари.
Меѓу 10-те најголеми извозници на сребро се и: САД (1,3 милијарди долари), Јужна Кореја (1,3 милијарди долари), Кина (1,2 милијарди долари), Јапонија (1,1 милијарди долари), Германија (1,1 милијарди долари), Канада (870 милиони долари) и Швајцарија (835 милиони долари).
Од земјите во регионот, најдобра позиција има Бугарија (39-то место) со извоз од 18,8 милиони долари. Следна е Србија со извоз на сребро од 4,4 милиони долари, Словенија инкасираше 1,4 милиони долари од извоз, Грција 1,3 милиони долари, Хрватска 362.000 долари и Албанија со 212.000 долари. Македонија ја нема на оваа листа.
Фото: Pixabay