Креаторите на литиум-јонските батерии ја добија Нобеловата награда за хемија.
Тројцата научници Стенли Витингем од Велика Британија, Џон Гуденаф од САД и Акира Јошино од Јапонија заслужено се закитија со ова престижно признание за својата иновација.
Нивниот изум денес се користи насекаде, од смартфони и лаптопи до електрични автомобили, пишува New Atlas.
Исто така, литиум-јонските батерии придонесоа за искористување на обновливите извори на енергија со што се заштитува и самата околина.
Основите се поставени во 70-тите години на минатиот век од страна на Витингем, а првите комерцијални литиум јонски батерии се појавија во 1991 година.
Фото: Pixabay