Просечно искoристување на капацитетите на деловните субјекти во септември е 69,4%

61

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2019 година изнесува 69,4% од нормалното искористување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 22,1%, недоволната странска побарувачка со 18,9%, недоволната домашна побарувачка со 13,7% и неизвесното економско опкружување со 13,3%.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2019 година е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на август 2019 година и изнесува 21,7, а во однос на септември 2018 година е зголемен за 1,1 процентен поен.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2019, во однос на август 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на август 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна  во однос на септември 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Фото: Pexels