Компанијата Фруктал Мак, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 19.168.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период минатата година, компанијата прикажа добивка од 12.498.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно крајот на септември оваа година, достигнаа вредност од 296.544.000 денари. На домашен пазар продажбата беше на ниво од 145.561.000 денари, додека поголемиот дел од 150.983.000 денари е продажба на пазари во странство.
Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата прикажа приходи од продажба во висина од 255.242.000 денари.
Основна дејност на компанијата е производство на овошни сокови, нектари и пијалаци. Своите производи ги пласира на домашниот, како и на пазарите во Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора.
Фото: Pixabay