Старт – ап од Аргентина прави храна за “супер – пчели“

150

Beeflow, старт – ап од Аргентина создаде специјална формула за хранење на пчели наменета да го поттикне нивниот имунолошки систем со што инсектите би можеле да функционираат и во зимски денови.

Според извршниот директор, Матијас Вил, формулата им овозможува на пчелите да направат и до седум пати повеќе летови на ладни температури, пишува CNN. Во последно време бројот на пчелите опаѓа на глобално ниво, што пак претставува закана за сите култури.

Храната за супер-пчели е базирана на растителна формула и содржи шеќер, вода и  други соодветни состојки. На пчелите им се дава еднаш неделно. Според стартапот, досега е забележан успех во Аргентина со тоа што на овој начин бил зголемен родот на бадеми, боровинки, јаболка и киви до 90%.

Фото: Pixabay