Вашиот колега ви вели дека има одлична идеја, а вие едвај чекате да ја слушнете. Сепак на крајот на презентацијата не сте воодушевени, односно сметате дека идејата нема да вроди со никаков плод. Како да постапите во такви ситуација без да го навредите човекот до вас?
Не кажувајте веднаш НЕ
Кога некој ќе ви пристапи со лоша идеја, немојте веднаш да кажете НЕ. Одвојте време да го чуете колегата/колешката што имаат да кажат. Се случило и најдобрите идеи на почетокот да игледаат како целосна утка.
Поставете ги вистинските прашања
Поставете прашања што ќе го натераат колегата самиот да открие зошто идејата не е толку добра. Обидете се да покажете дека нивната замисла се “коси“ со повеќе работи и не би можела да биде продуктивна.
Објаснете зошто сте загрижени
Зборот “интересно“ може многу да ви користи во вакви моменти. Неутрален е, не покажува ни дека нешто е добро ниту лошо. Можете да кажете дека идејата е интересна, но малку ве загрижува фактот што… и да објасните зошто истата не ви се допаѓа.
Ако сте вие одлучувачки фактор…
Доколку сте вие тие кои одлучувате имате моќ да ја одбиете идејата, но од друга страна пак, не сакате останатите да мислат дека сте човек кој тешко прифаќа нови идеи. Затоа повторно поставете ги вистинските прашања од типот на “Како оваа идеја и помага на нашата цел?“, а кога навистина ќе морате да ја одбиете едноставно кажете дека можеби во друга прилика замислата ќе биде онаа вистинската.
Фото: Pexels