Просечната нето плата во август е 25.127 денари

50

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во август оваа година изнесува 25.127 денари, додека во бруто износ е 37.322 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Исплатената нето плата по вработен во август оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 3,8%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (10,9%), Транспорт и складирање (7,3%) и Информации и комуникации (5,8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (4,7%), Уметност, забава и рекреација (3,5%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2,3%).

Фото: Pexels