Американскиот бренд Native Shoes креира патики од пена од алги, со цел да придонесе за почиста околина.
EVA или кратенка за етилен-винил ацетат, е пластика што е слична на гума и лесно се витка. Таа често се користи за изработка на средниот мек дел од патиките, но понекогаш и за целиот модел.
Во овој дизајн 10% од EVA материјалот е заменета со пената Bloom којашто се добива од преработени водни алги.
Според креаторите, дури и овој мал процент придонесува за зачувување на животната средина. На овој начин, од само еден пар, се заштедуваат 80 литри вода, не дозволува CO2 штетните гасови да навлезат во воздухот и слично.
Процесот на изработка се состои од сушење на алги и добивање на биомаса, којашто потоа се трансформира во пелети. Пелетите се претвораат во пена, од којашто Native Shoes ги изработуаа патиките.
Фото: Native Shoes