Дали успехот зависи исклучиво од нас?

314

Секој сака да биде успешен на секое поле. Но, желбата е едно, можностите и способностите се друго.

Неретко ќе се случи да вложиме многу, а да не успееме. И тогаш сомнежот расте – Дали успехот зависеше само од мене? Зошто ова се случи? Кој е вистинскиот виновник?

Одговорот на ова прашање не е лесен и токму затоа треба да тргнеме од себе си, да се преиспитаме колку умееме, знаеме, колку сакаме и колку сме подготвени да вложиме. Дали ќе се откажеме или ќе се обидеме повторно?

Многу е лесно да обвиниме некој друг, да ја префрлиме вината на околностите и да го бараме виновникот на друго место. Тешко е да речеме дека самите сме виновни за тоа што се случило или не се случило.

Како да изградиме подобра верзија од себе која ќе умее да најде соодветен одговор на ова прашање?

Потребни ни се неколку работи:

  • спознавање на себе си
  • поголема љубопитност
  • насоки на движење
  • подготвеност
  • отпорност
  • поврзаност

Зошто?

Ако не се знаеме доволно себе си и што навистина сакаме нема да знаеме како да постапиме и кон што да целиме за да бидеме среќни.

Ако не сме љубопитни, ќе тапкаме во место и ќе испуштиме многу од животот.

Ако немаме насоки на движење, ќе лутаме од грешка во грешка, а тоа ќе носи само поголемо незадоволство.

Никогаш не знаеме животот што носи, затоа мора да сме подготвени. Така полесно ќе ги пребродуваме сите предизвици што ќе дојдат.

Ако не ги негуваме врските со луѓето околу нас, ќе изгубиме дел од човечноста, ќе останеме празни, немоќни и што е најтажно ќе нема со кој да ги споделиме моментите, среќни или тажни.

На нас останува да го дадеме најдобро од себе, да бидеме задоволни од стореното пред да ги знаеме разултатите. Понекогаш успехот е токму во обидот, во способноста да најдеме задоволство и среќа во самата потрага.

Фото:Pixabay