Канцеларија – “богатство“ од бактерии и вируси

82

Во канцеларијата, во којашто поминуваме најмалку една третина од денот, може да се забележат голем број бактерии, вируси и микроорганизми што шират зарази.

Порталот BizLife направи неславна листа на сите оние работи што може да се најдат во една обична канцеларија.

Тастатурата на себе има 70% повеќе бактерии одошто на ВЦ шолјата

Канцелариските телефони може да “угостат“ и 1.000 микроби на квадратен милиметар

Делот од масата на којашто ги држите рацете има околу 10.000 бактерии

Вирусот на грип може да живее 18 часа на потврда површина, а секој ден се размножуваат, па наредниот ден има 31% повеќе доколку не се дезинфицира површината.

Иако знаат дека во сезона на настинки, одењето на работа значи ширење на зарази, 52% од вработените се чувствуваат лошо кога мора да се јават на работа и да кажат дека се болни.

Неколку корисни совети како полесно да се заштитите додека сте на работа…

Редовно мијте раце

Правете редовна дезинфекција на тастатурата и сите површини на коишто седите

Избегнувајте да јадете на канцелариското биро

Одложете го состанокот доколку некој од колегите е болен

Фото: Pexels