Холивудскиот филм Joker, којшто ги отсликува почетоците на злобниот лик од Batman, е на врвот на бокс-офисот во САД со заработка од над 800 милиони долари.
Филмот, со ознака R, во којшто главна улога има Хоакин Феникс, ја надмина сумата од 783 милиони долари што ја заработи Deadpool во 2016 година. Со тоа Joker стана филм со најголема заработка во категоријата на R-филмови, коишто се забранети за малолетници без присуство на родител.
Иако на глобално ниво Joker се наоѓа на врвот, во САД сè уште R филм со најголема заработка е The Passion of the Christ со 370 милиони долари. Досега на домашната сцена филмот за злобниот лик од Batman има заработено 259 милиони долари.
Филмот којшто е под палката на студиото Warner Bros. ја освои главната награда на филмскиот фестивал во Венеција, а според критичарите извонредната изведба на Феникс може да му донесе и оскар на актерот.
Фото: Facebook