- Понекогаш големиот број на работни обврски на работа може да има контра ефект врз продуктивноста. Еве кога е време да “олабавите“ малку:
Испуштање на рокови
Еден показател дека сте преоптоварени со работа е неможноста истата да се сработи до дадениот рок и покрај сите вложувања.
Недоволна фокусираност
Од премногу обврски се губи и фокусираноста на самата задача. На мозокот му треба одмор, а тоа не може да се случи кога сакаме ако имаме работа “до гуша“.
Мултитаскинг
Иако се практикува тој ретко е функционален како што се смета. Започнување на повеќе работи одеднаш, го става во ризик бизнисот.
Иритираност, нервоза
Штом не сте во состојба да ги постигнете обврските, одговорот е дека сте се нафатиле на повеќе одошто можете. Тоа само по себе носи нервоза и напнатост што секако не одат во прилог на продуктивноста.
Зачестени расправии
Меѓусебните расправии се нормални, но ако истите стануваат се почести поради премногу работа, тоа лошо влијае и на бизнисот.
Преминување кон нездрави навики
Недостаток на сон, откажување на вообичаените активности како вежбање и слично, работа доцна навечер, јадење на брза храна… Сите овие работи укажуваат дека сте “заглавени“ во преголем број на работни обврски и време е да ставите крај. Во спротивно ќе го влошите вашето здравје, здравјето на тимот, а бизнисот не би можел да напредува доколку тоа се случи.
Фото: Pexels