Намален бројот на работници во индустријата во септември

39

Бројот на работници во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пад од 3,6%, во секторот Преработувачка индустрија пад од 1,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 6,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − септември 2019 година, во однос на периодот јануари − септември 2018 година, е намален за 1,3%.

Фото: Pexels