Renault Arkana може да дојде во Европа до 2021 година

54

За разлика од моделот продаван во Русија, европскиот Arkana треба да добие неколку надградби и измени, а се очекува и RS Line изведбата со специфични стилски карактеристики. Француската публикација наведува дека централната конзола ќе биде дополнително подигната внатре за да се понуди полесен пристап до инфозабавниот систем и менувачот на степени.

Погонскиот спектар, исто така, би можел да биде ревидиран, така што се очекува 1,6 литарскиот бензински мотор со 114 коњски сили и пет-степен мануелен менувач да не биде пренесен. Наместо тоа, најверојатно ќе биде понуден 1,3 литарскиот TCe со 150 коњски сили, споен со X-Tronic CVT, додека исто така се очекува и други единици бидат додадени во опсегот.

Нивото на опрема на тековниот Arkana е прилично пристоен, со 8-инчен инфозабавен систем и екран на допир, Android Auto, Apple CarPlay, Bose аудио систем, амбиентално осветлување и неколку системи за безбедност, како што е 360 камерата и следењето на слепата точка. Погонот на сите тркала е задолжителен и чини 100,000 рубли, што е еднакво на 1.554 евра.

Зборувајќи за цени, во Русија основниот Arkana чини 14.340 евра. Доколку моделот навистина стигне на европскиот пазар, тој ќе се наоѓа на позицијата помеѓу Captur и компактниот Kadjar.

Преземено од Avtoplus.mk