McDonald’s го отпушти својот извршен директор Стив Истербрук, поради врска со вработена во ланецот за брза храна.
Според компанијата, Истербрук ги прекршил правилата и поради тоа мора да си замине од функцијата, пишува BBC.
Британскиот бизнисмен ја призна “грешката“ и согласно политиката на McDonald’s отстапува од местото извршен директор на компанијата за Велика Британија и Северна Европа.
Педесет и две годишниот Истербрук започнал да работи за ланецот во 1993 година, како менаџер во Лондон, а во 2015 е назначен за извршен директор. Тој повеќе нема да биде ни член во одборот на McDonald’s.
Фото: Pixabay