Кина планира да основа вселенска економска зона

117

Со веќе создадени 12 слободни економски зони (нови шест следуваат наскоро), Кина планира да ја прошири трговијата и во вселената.

Според замислата, земјата до 2050 година ќе генерира 10 илјади милијарди долари годишно токму преку новооснованата вселенска трговска зона помеѓу Земјата и Месечината.

“Зоната ќе покрива делови од вселената близу Земјата и Месечината, односно сè што е помеѓу овие две небесни тела“, вели Бао Вимин, директор на комисијата за наука и технологија при China Aerospace Science and Technology Corporation.

Економската зона ќе се фокусира на три главни полиња: меѓувселенски транспорт, откривање на вселенски ресурси и вселенска инфраструктура, пишува Safe Heaven.

Кина ќе се потруди да ги комплетира основните истражувања во овие полиња до 2020 година, да открие сè што е потребно во клучните технологии до 2030 и да обезбеди нискобуџетен транспортен систем до 2040 година.

Фото: Pixabay