ROI (Return on Investment) е поврат на инвестиција, а се користи за да се процени ефикасноста на инвестицијата или истата да се спорeди со други инвестиции.
ROI директно го мери повратот на одредена инвестиција во однос на цената (сумата) на инвестицијата. За да се искалкулира оваа вредност, очекуваниот бенефит на инвестицијата се дели со цената на инвестицијата, односно сумата што би се вложила. Резултатот се изразува во проценти или сооднос.
Со оглед на тоа дека ROI се мери во проценти, може лесно да се спореди со повратот од други инвестиции. На овој начин може да се измерат различни инвестиции една наспроти друга.
ROI е мерач на инвестициската профитабилност. На пример, ROI на инвестиции во акции, очекуван ROI од проширување на фабрика или ROI генериран од остварена трансакција од недвижнини. Калкулацијата е едноставна и затоа широко се применува.
ROI може да се користи и за лични финансиски пресметки. Сепак најголема улога, односно примена на ова мерење е да се види дали одредена инвестиција ќе биде исплатлива и колку.
Ризикот од ROI пресметката е што не ги зема предвид перформансите на компанијата во однос на животната средина, социјалниот елемент и раководењето на самата организација.
Фото: Pixabay