Како да сработите повеќе за помалку време

150

Секогаш ни фали време, некој час или минута повеќе. Постојано брзаме за да стасаме некаде, да зграбиме што повеќе можеме од денот.

Поставете си приоритети и држете се строго до нив

Можеби нема да завршите се што сте планирале, но барем важните работи ќе ви бидат комплетирани.

Понекогаш кажете НЕ 

Во ред е да одбиете одредени задачи, за кои мислите дека нема ефект и не се потребни во моментот. Така ќе имате време да се посветите на она што е важно.

Вработете ги вистинските луѓе и делегирајте

Ако имате тим што одлично работи тогаш ќе може да се потпрете на вистинските луѓе кои ќе ви помогнат за да завршите што повеќе обврски.

Решете го тоа што можете

Не губите време не нешто што не можете да го решите. Тоа треба да ви биде едно од основните правила, ако сакате да заштедите некој час или минута.

Искористете го времето

Кога и да најдете вишок време обидете се да го искористите. Не подлегнувајте на бесцелното сурфање на мобилен или лаптоп, направете нешто покорисно, бидете продуктивни. Понекогаш една мала прошетка за разбистрување на главата може да биде од корист.

Фото:Pixabay