АХВ: Во септември уништени 11,3 тони небезбедна храна

19

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во септември годинава уништиле повеќе од 4,6 тони небезбедна храна. Операторите со храна, во истиот временски период уништиле уште 6,6 тони небезбедна храна.

За констатираните недоследности со вкупно извршените 4.655 инспекциски контроли (3.106 редовни, 440 контролни и 1.109 вонредни), официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата, во септември изрекле 714 мерки.

Од нив, 433 решенија со кои било наложено отстранување на недоследностите, 254 едукации на оператори со храна, а, изречени биле и четири парични казни .

Инспекциските служби поднеле и пет прекршочни и една кривична пријава за утврдените недоследности од поголем обем.

За извоз на храна од животинско потекло, официјалните ветеринари во овој временски период издале 260, а инспекторите за храна 303 сертификати за безбедност, за пласман на храна на странските пазари.

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на граничните премини, не издале забрана за увоз на пратки со храна, ниту од животинско, ниту од неживотинско потекло, а како небезбедни, немало ниту поништени пратки од увоз.

Фото:Pixabay