Цени на индустриски производи во септември

42

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во септември оваа година, се повисоки за 0,8 % на месечно ниво, а за 4,9 % на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2019, во споредба со август 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,1%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1%.

Во септември 2019, во споредба со септември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 5,8%.

Фото: Pixabay