Кога барате поголема плата не можете туку така да влезете кај претпоставениот и да си го кажете своето. За да го добиете тоа што го сакате потребно да се исполнат неколку услови.
Одберете го тајмингот
Не треба да барате зголемување на платата доколку компанијата во којашто работите се соочува со финансиски проблеми или е сред големо реконструирање. Не е паметно да барате повеќе пари за себе, ако директорот отпушта луѓе поради икс причини.
Направете истражување
Направете споредба на вашата плата со останатите во секторот. Разгледајте го вашиот перформанс и како е истиот труд вреднуван во други слични компании. Дали вашата плата се движи во просекот со останатите на пазарот и каква е политиката на компанијата кога станува збор за зголемување на плата. Доколку во меѓувреме сте напреднале, односно сте се здобиле со одредени обуки и знаења искористете го тој факт кога преговарате.
Бидете професионални
Држете се до работата и вашиот перформанс. Не треба да изнесувате премногу лични причини или да правите несоодветни споредби со колеги. Иако на вас ви изгледаат како одлични причини за поголеми примања, сепак тие не се поврзани со тоа што го сработувате на крајот на денот. Наместо тоа изнесете ги сите факти за тоа што досега сте направиле за компанијата.
Размислувајте долгорочно
Ако добиете НЕ како одговор не значи дека треба налутени да заминете од канцеларијата. Во такви ситуации треба да бидете трпеливи, да соработувате и да бидете конструктивни. Гледајте ја широката слика и размислувајте на долги патеки. Искористете го моментот да побарате фидбек, односно шефот да ви каже каде и како може да се подобрите за следниот пат да добиете позитивен одговор.
Фото: Pexels