Студенти од Универзитетот во Кембриџ заедно со инженери од Formula 1 и Bridgestone дизајнираа електричен автомобил на сончева енергија.
Helia може да помине повеќе од 804 километри, движејќи се со брзина од 80 километри на час, пишува Inhabitat.
Аеродинамичниот и ултра лесен автомобил е опремен со батерија којашто има висока енергетска густина. Батеријата овозможува двојно поголем опсег од тој на Tesla Model 3 автомобилот, иако е една четвртина од нејзината големина.
Целата каросерија и шасијата се ултра лесни од причина што се изработени од јаглеродни влакна. Автомобилот тежи само 544 килограми, во него можат да се возат четворица.
Фото: Helia