Осмото издание на Самитот Македонија2025 ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември во хотел Мериот – Скопје. Самитот претставува водечка регионална платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и инспирирање иновации и промени во Југоисточна Европа.
Оваа година, се очекуваат над 50 истакнати говорници и разновидна публика составена од над 400 менаџери, директори, претприемачи, членови на академијата, успешни млади професионалци, високи функционери и дипломати.
Учество на Самитот се препорачува за основачи и менаџери на микро, мали и средни компании, големи корпорации, стартапи, носители на економски политики, претставници на невладини организации, академски и истражувачки институции, меѓународни организации, институции и проекти, државни институции, дипломатски претставништва, како и за сите индивидуи кои се заинтересирани за стекнување вредни знаења и остварување нови деловни партнерства кои значително ќе им помогнат во работењето на бизнисот.
Самитот ќе понуди богата тридневна програма, исполнета со над 10 панел дискусии и засебни тематски сесии. Главниот фокус ќе биде ставен на темите: иновации и нивното влијание врз намалување на загадувањето на животната средина / воздухот, како и иднината на работните места и вештините. Некои од останатите теми ќе бидат поврзани со глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање на малите и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски платформски компании и други интересни дебати.
Покрај панел дискусиите, овогодинешниот Самит ќе им понуди на домашните компании и учесниците одлична можност за поврзување со странските компании, со потенцијални инвеститори, како и со наши истакнати членови на дијаспората, преку новововедената онлајн платформа за Б2Б средби. Меѓу другото, ќе се организираат и специјални работилници/ сесии ориентирани кон градење стратегии за компаниите. Коктелите за вмрежување во рамки Самитот ќе понудат одлична можност за поврзување на сите присутни.
Придобивки од учество на Самитот
- Интензивни тридневни панел-дискусии каде ќе се дискутираат најрелевантните теми од областа на бизнисот и економијата;
- Пристап до посебни работни сесии и работилници за усовршување на вештините и за иновации во бизнис секторот;
- Бројни можности за остварување контакти со повеќе од 400 учесници на Самитот;
- Можност да остварите лична средба со секој учесник на Самитот преку нашата Б2Б платформа;
- Споделување на знаења од врвни експерти ширум светот;
- Градење нови деловни релации и долгорочни партнерства.
Фото: Pixabay