Попова кула прокнижи добивка од 6,7 милиони денари за девет месеци

90

Винарската визба Попова кула, од први јануари до 30-ти септември, прикажа добивка од 6.797.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на истиот период лани, компанијата оствари добивка од 4.034.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември ова година, достигнаа вредност од 39.517.000 денари. Поголемиот дел од 32.137.000 денари е остварен на домашен пазар, а остатокот од 7.380.000 денари е продажба на пазари во странство.

Основна дејност на Попова Кула од Демир Капија е производство на вино.

Фото: Pexels