Една земја за да се оцени дали е богата или сиромашна, најлесно е да се искористи вредноста на бруто домашниот производ како индикатор. Па така, според тие параметри, World Atlas направи листа на најсиромашните земји во светот.
Најсиромашна земја во светот е Јужен Судан со 302,78 долари БДП по глава жител. Меѓу 10-те најсиромашни земји се и:
Бурунди – 306,97 долари по глава жител
Малави – 351,14 долари
Централна Африканска Република – 430,08 долари
Демократска Република Конго – 448,75 долари
Мадагаскар – 459,35 долари
Мозамбик – 475,56 долари
Нигер – 477,07 долари
Сиера Леоне – 515,90 долари
Авганистан – 543,72 долари
Фото: Pixabay