Едноставно е невозможно да прифатите сè што ќе ви се каже на работа. Како професионалец што совесно си ги сработува своите задачи, доаѓа момент кога нешто треба да се одбие.
Еве како културно да го одбиете вашиот шеф, колегата, вработениот и клиентот.
Можеби е најтешко да му се спротивставите на претпоставениот, но веројатно ќе дојде и тој момент. Наместо директно да кажете НЕ, пристапете со реченица од типот “Ви благодарам што пак ми дадовте одговорна задача, но планирав прво да завршам со проектот за…“. На овој начин кажувате дека го цените тоа што шефот ве смета за исполнителна личност, но сакате да завршите една работа пред да започнете друга.
Кога станува збор за одбивање на колега/колешка не измислувајте смешни изговори. Доколку навистина не можете да помогнете кажете дека едноставно не ве бидува за тоа “Не сум добар во ова, не се разбирам многу во социјални медиуми и слично…“.
Кога ќе треба да кажете НЕ на некој вработен, гледајте тоа да биде поткрепено со објаснување зошто. Никогаш не ги оставајте само со одбивање без одговор. Без разлика за што станува збор, барање, проект детално образложете зошто сте дале негативен одговор.
Можеби ќе се случи да треба да одбиете клиент, што секако не е едноставно. Прво треба да им дозволите на клиентите да се искажат до крај, а потоа да го изнесете вашето гледиште и план. Исто така, објаснете зошто е подобро да направат како вие што предлагате и како сето тоа ќе биде во нивна корист.
Фото: Pexels