Во рамки на конференцијата 200 жени претприемачки, денеска беа прогласени победничките во првиот избор на Жена на годината.
Во онлајн номинирањето учествуваа 569 лица, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.
Победнички во категориите се:
Жена на годината – Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика;
Жена со трајни вредности – Ангелка Пеева Лаурениќ, Имиџ ПР и Движење за поддршка на креативноста Браво Сине;
Жена менаџер на годината – Викторија Механџиска, Зегин;
Млада жена менаџер на годината – Сања Лукаревска, УЈП;
Странец жена менаџер на годината – Рејчел Галовеј, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија;
Жена со најголеми достигнувања во културата – Тамара Котевска, режисерка на филмот Медена земја;
Жена со најголеми достигнувања во спортот – Сара Ристовска, ракомет ;
Жена со најголеми достигнувања за општеството – Кристина Арнаудова, Проект Среќа;
Жена со најдобар стил – Даниела Колиќ Димовска, LISCA
Инфлуенсерка на годината – Лила Филиповска, ТВ Сител.
Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис нетворкинг проект, беше доделен и за Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.
Целта на изборот е да им се даде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.
Организатори на Жена на годината се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Поддржувач на изборот беше Сојузот на Стопански Комори на Македонија, а главен покровител на конференцијата беше Пивара Скопје.