ОНЕ со пораст на приходите во првиот квартал

60

23022012151458_g_one-logoСпоред објавените финансиски резултати за првиот квартал од годината, телекомуникацискиот оператор ОНЕ бележи раст на приходите и намалување на нето загубата.

Во првиот квартал ОНЕ е со континуиран раст на приходите, што изразено во бројки изнесува цели  14% во однос на истиот период лани, достигнувајќи близу 19 милиони евра, се вели во соопштението.

Добивката пред камати, оданочување, депрецијација и амортизација (ЕБИДТА) достигна 3,5 милиони евра што споредено со истиот период лани изнесува цели 126% зголемување.

Добивката пред камати и оданочување или оперативната добивка (ЕБИТ) е под нулата, што
во однос на минатата година е подобрување од цели 2,2 милиони евра. Споредено со првиот квартал минатата година, нето загубата е намалена на само 650.000 евра.

ОНЕ исто така бележи раст на корисничката база и тоа бројот на претплатници на броуд бенд интернет и мобилна телефонија во однос на истиот период лани е зголемен за 4%, а во фиксната телефонија за 2%.

“Задоволни сме од резултатите од првиот квартал од годинава кои се доказ дека ОНЕ неуморно работи на постигнување на компаниските и целите на Групацијата и доказ дека корисниците, при изборот на оператор, го препознаваат ОНЕ како сигурен телеком партнер”, изјави главниот извршен директор на ОНЕ Цирил Кафол.