Хрватски Краш доби нов сопственик

282

Месната индустрија браќа Пивац ги откупи акциите на вработените на Краш и со тоа ја презеде контролата на една од најголемите хрватски кондиторски компании, пишува Вечерњи лист.

Компанијата склучи договор со Краш ЕСОП за купување на 18,44% од акциите на Краш, коишто ги поседуваа вработените во компанијата. Со ова, Пивац сега има 49,17% удел во Краш, но и без другите акционери имаат мнозинство со право на глас и можат самостојно да одлучуваат за компанијата. На вработените во компанијата ќе им исплатат околу 32 милиони евра, односно околу 115 евра по акција, а со договорот што е потпишан ќе бидат заштитени нивните права.

Тоа значи дека браќа Пивац потпиша договор според којшто гарантира задржување на производните погони на постоечките локации, се забранува гасење на производството, се задржува квалитетот и традицијата и спроведување на планот за инвестирање во развојот на Краш.

Во битката за преземање на Краш беше вклучен и српскиот бизнисмен Небојша Шарановиќ.

Фото: Pixabay