Зошто не треба да правите онлајн шопинг преку телефон

124

Факт е дека брзото темпо на живот понекогаш ни дава сосем малку време за да завршиме одредени работи. Меѓу другото тука спаѓа и онлајн купувањето, коешто честопати се одвива преку смартфон.

Според експертите, подобри одлуки се донесуваат кога се купува преку компјутер отколку преку мобилен телефон. Една од причините е што мобилните верзии на веб страните не ги прикажуваат информациите на ист начин како десктоп/лаптоп верзијата.

Веб страните коишто се прилагодени за PC даваат повеќе информации уште на прв поглед. Без разлика за што станува збор, облека, електроника па дури и резервација на хотелски соби, купувачите носат подобри одлуки според желбите кога користат компјутер или лаптоп.

Мобилната верзија на веб страните не ги прикажува сите информации одеднаш поради што купувачите донесуваат одлуки што понекогаш не се во согласност со нивните преференции.

Минатата година за Black Friday во САД повеќе од две милијарди нарачки биле направени преку телефон.

Експертите апелираат до трговците да ги прикажуваат информациите исто на сите платформи како компјутер, таблет, смартфон…

А за купувачите… обидете се да користите PC кога купувате онлајн, сигурно ништо не е толку итно за да го купите преку телефон.

Фото: Pexels