Вкупна потрошувачка по енергенти во септември

49

Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во септември оваа година, изнесува: 536.533 МWh електрична енергија, 35.476 мил. нм3 природен гас, 433.043 тони јаглен и 87.726 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 91,6% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,2% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Фото: Pexels